За нас

Добредојдовте на веб-страната на “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје, чија основна цел е да  ги доближи нашите деловни потфати до Вас, наши ценети и почитувани партнери, клиенти и потрошувачи.

Посветеноста, искуството и традицијата се трите основни постулати врз кои нашата компанија е изградена и се уште со солидни резултати функционира во светот на бизнисот, како во границите на Р. Македонија, така и надвор од истите. Силно потпрени врз ангажираноста и професионалноста на нашите вработени, наш стремеж е да бидеме најдобри во она што го работиме. Исто така, наш секојдневен предизвик е развивањето на професионален однос со нашите деловни партнери, клиенти и потрошувачи, но чувањето и негувањето на истиот е наша најголема грижа и задача.

Ова кратко воведно писмо ќе го завршиме со една позната мисла на големиот Абрахам Линколн која претставува важен елемент од функционирањето на нашата компанија:

“I do not think much of a man who is not wiser today than he was yesterday.”

Така и ние, се трудиме секој ден, секој час и секоја минута помината на нашите работни места, да бидеме помудри од вчера и попаметни за утре, бидејќи себеси се гледаме како битен дел од деловниот свет кој сите заедно го градиме.

“ТЕКСТИЛ” А.Д. Скопје.

zgrada 1
zgrada 3
t02
zgrada 2
t01
t03