Нашата компанија е официјален и единствен увозник на италијанскиот светски познат бренд Atlas Concordе. Atlas Concordе е една од најголемите и најпознатите фабрики која се занимава со производство и изработка на керамички плочки од Модена, Република Италија. За големината на Atlas Concordе говори и самиот факт дека фабриката има претставништва и е присутна на најголемите светски пазари: САД, Кина, како и во голем дел од Европа односно Русија, Франција, Германија, Шпанија итн.
Претставништвото на Atlas Concordе за Република Македонија, како и продажниот салон се наоѓаат во склоп на просторот на “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје на улица “Перо Наков“ бр. 31 во населба Маџари, Скопје.
Atlas Concordе ви нуди голем избор на високо квалитетни плочки по достапни цени, во зависност од тоа какви плочки Вам се потребни. Нашиот продажен салон е со големина од 200 м2 и во него можете да најдете над 850 модели на плочки, подни, ѕидни, грес порцелански и многу други. За успехот на Atlas Concordе на територијата на Република Македонија кажуваат сработените проекти во изминатите години колку што брендот е присутен на нашиот пазар, а би ги издвоиле: зградата на Фудбалската федерација на Македонија, голем број на резиденцијални проекти, преку дваесет згради, а за нас како сериозна компанија, од големо значење е тоа што соработуваме исклучиво со најдобрите градежни фирми и проектантски бироа од нашата држава кои несомнено го препознаваат квалитетот на производот кој го добиваат одбирајќи ги плочките на Atlas Concordе.