СЕКТОР ЛОВСТВО

Почитувани, на ден 12.01.2016 година е заклучен договор за концесија на дивечот за ловиштата број 5 – БАЊА (со површина од 9560 хектари) и број 6 – ПОДЛОГ (со површина од 7002 хектари) помеѓу Влада на Република Македонија како КОНЦЕДЕНТ и Акционерско друштво за промет на стоки и услуги на големо и мало “ТЕКСТИЛ“ А.Д. – Скопје во улога на КОНЦЕСИОНЕР. Со тоа, “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје преку својата подружница број 4 лов и траперство “CONCORDIA HUNTING TEAM“ – Осогово во Кочани, започна да стопанисува со двете ловишта за периодот од наредните десет години. Ловиштата Бања и Подлог се ловишта на отворена површина и двете се простираат во Брегалничкото ловно подрачје, на неколку километри од градот Кочани, Република Македонија.

За повеќе информации, Ве покануваме да не посетите во нашите канцеларии и тоа во Скопје на ул. “Перо Наков“ бр. 31 во просториите на “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје или во канцеларијата на нашата подружница во Кочани која се наоѓа на ул. “Браќа Ставреви“ бр. 23 – Кочани.

pic402_2
0005
0002
0001

+389(0)71/237-193

concordiahunting@tekstil.com.mk

+389(0)78/400-300

www.concordiahunting.com.mk