СЕКТОР ХРАНА

Основна дејност на нашата компанија е бизнисот со увоз и дистрибуција на храна, прехранбени производи и репроматеријали за домашните произведувачи. За остварување на нашата секојдневна цел, а тоа е пласирање на нашите производи директно до крајниот потршувач, “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје располага со современа дистрибутивна мрежа која е составена од повеќе од дваесет возила кои секој ден се ширум територијата на Република Македонија се со цел нашата роба да биде доставена уредно и на време, онака како што нашиот менаџмент го има поставено целиот дистрибутивен процес.

Храната, прехранбените продукти и репроматеријалите кои ги увезуваме и дистрибуираме на македонскиот пазар ги чуваме и складираме во сопствен магацин со површина од над 2000 м2, специјализиран исклучиво за работа со храна и прехранбени производи. Во склоп на магацинот се наоѓаат и десет комори кои ги користиме за замрзнатите програми на производи и производите кои мораат да се чуваат во фрижидер на одредена температура.

Што се однесува до храната која ја доставуваме до нашите ценети клиенти, спектарот на програми присутни во нашиот магацин е навистина голем и широк. На кратко, “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е официјален увозник и дистрибутер на над педесет светски етаблирани брендови од светот на храната, а тука би ги издвоиле Friesland Campina, Frico, Beretta, Zanetti, Parmareggio, Cirio, Pietro Coricelli, Monari, Doux, Rucker, Italpizza, De Cecco, Polselli, Lamb Weston, Agristo, Aretol, Deas, Alfa, Trata, Moscuzza, Codap и така натаму. Тука е и нашиот бренд Bruna кој самостојно го развиваме, а се состои од широка програма на производи: туна, сардина, паштети, шампињони, феферони, печурки, конзервирани овошни салати, конзервиран грашок, пченка…

Доколку Ве интересира деталната понуда на производи која ја нудиме и е навистина обемна, Ви препорачуваме да го погледнете нашиот најнов каталог со производи кој може да го прегледате, но и да го превземете на полето `е-каталог` кое се наоѓа на главното мени на нашата веб-страна.

008
006
004
002
007
005
003
001

tekstil@tekstil.com.mk

+389(0)2/2549-092

5
2
3
4
Logo FrieslandCampina
 
Vriendelijke groet, 
Linda Zeggelaar 
Internetredactie Leeuwarder Courant
6
7
14
9
10
11
roberto
13
codap2
8
15
bruna
SOLO
19
20
17
aretol-logo2
alfa
18