Од неодамна нашата компанија е официјален претставник со сопствен продажен салон на реномираниот бренд за производство на душеци и кревети Dorelan од Република Италија. Салонот за душеци, кревети, перници и постелнини Dorelan кој се простира на површина од 300 м2, исто така се наоѓа на ул. “Перо Наков“ бр. 31 во склоп на “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје и станува збор за најголемиот и најексклузивниот продажен салон за душеци на територијата на Република Македонија со повеќе од триесет изложени модели.
Дорелан има широка и разновидна палета на производи која од скоро им е достапна во целосен асортиман и на македонските потрошувачи и тоа: душеци, перници, бази за кревети, кревети, постелнини, латофлекси, како и посебен baby програм кој е составен од производи наменети за добар сон и на најмладите. Душеците на Дорелан ги имаат сите потребни сертификати за целосна сатисфакција на нивниот корисник, а како посебно важни тука би ги издвоиле: медицинскиот сертификат кој гарантира дека производите на Дорелан се антибактериски и антиалергиски (dispositivo medico), еко-сертификатот, OEKO-TEX Standard сертификатот, кој го поседува само Дорелан како фабрика и кој потврдува дека душеците на Дорелан се изработени исклучиво од органски материјали и се најдобрата солуција по Вас и Вашето здравје.
За реномето на Дорелан говори нивната референтна листа, а тоа се пред се најдобрите хотели низ Европа, како и присуството во огромен број резиденцијални единици. Наша цел е заедно со Дорелан да создадеме многу успешни приказни и во Македонија.