Портфолио

“ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е компанија присутна во повеќе бизнис сектори во Република Македонија. Сепак, можеме да кажеме дека примарна деловна дејност на нашата компанија е бизнисот со увоз и дистрибуција на дел од најдобрите светски брендови од прехранбената индустрија, како и увоз и дистрибуција на репроматеријали за потребите на производителите од прехранбената индустрија на територијата на Република Македонија. “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е долгорочен деловен партнер на над педесет врвни брендови од прехранбената индустрија за територијата на Република Македонија и над дваесет производители на репроматеријали во истата индустрија. Повеќе за програмите и производите кои ги увезуваме и дистрибуираме на територијата на Р. Македонија, можете да дознаете кликнувајќи на полето `сектор храна` кое можете да го најдете на лизгачкото мени под полето `портфолио` или можете да го разгледате и превземете нашиот електронски каталог кој можете да го најдете на главното мени.

Во склоп на нашиот деловен простор од 17.000 м2 од кои добар дел се за потребите на нашата компанија, а дел се изнајмуваат, “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје има официјално претставништво и продажен салон за еден од лидерите на светскиот пазар за керамички плочки, групацијата – Atlas Concorde од Модена, Република Италија. Исто така, “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е увозник со сопствен продажен салон и за германскиот лидер во производство на првокласен ламинат – Classen. Повеќе за Atlas Concorde, Classen и програмите на производи кои ги работиме на територијата на нашата држава на полето `сектор плочки и ламинат` во лизгачкото мени под `портфолио`.

Од неодамна нашата компанија e официјален претставник на италијанската фабрика за производство на душеци, перници и кревети за спиење Dorelan, со сопствен продажен салон, кој исто така се наоѓа во склоп на просторот на “ТЕКСТИЛ” А.Д. Скопје. Повеќе за Dorelan, на полето `сектор душеци и кревети` во истото лизгачко мени.

Последен деловен потфат со кој може да се пофалиме е активацијата на нашата последна подружница CONCORDIA HUNTING TEAM – ОСОГОВО, преку која стопанисуваме со ловиштата БАЊА и ПОДЛОГ близу Кочани, каде организираме ловни тури за ситен и крупен дивеч. Нешто повеќе за ова на полето  `сектор ловство` кое може да го најдете во лизгачкото мени под портофолио.