Почетоците на нашата компанија датираат од 1949 година, преку формирањето на Т.П. Ангротекстил Скопје, кое во 1962 година се спојува со Т.П. Ангрометал и Т.П. Разнопромет Скопје со што се формира ново трговско претпријатие Интерпромет.
Во 1974-та година Т.П. Интерпромет го менува своето име во Основна организација на здружен труд Текстил Скопје кое заедно со уште дванаесет ООЗТ друштва влегува во рамките на големиот трговски ланец Р.О. Интерпромет и функционира како такво до распаѓањето на поранешната СФРЈ.
Во 1990 година, нашата компанија се осамостојува и станува “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје, акционерско друштво во мешовита сопственост. Од 2001 година “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е акционерско друштво во приватна сопственост кое ја менува својата основна дејност која до тогаш била трговија со текстил – во увоз и дистрибуција на храна и прехранбени производи преку своја дистрибуција и големопродажна мрежа.
Денес, можеме да кажеме дека “ТЕКСТИЛ“ А.Д. Скопје е увозник и дистрибутер на повеќе од 50 светски етаблирани брендови од светот на прехранбената индустрија со што важиме за еден од лидерите на македонскиот пазар во горенаведената индустрија, како и официјален партнер за територијата на Р. Македонија за Atlas Concorde, Dorelan и Classen со сопствени продажни салони во склоп на нашата компанија.